Фудбал
Имобиле, Икарди, Мбапе, меѓу нив и македонски фудбалер
Угледниот интернет портал „трансфермаркт“ направи листа од најдобрите стрелци во месец октомври во сите натпреварувања, вклучувајќи ги домашните првенства и европските натпревари.
Најдобар е Чиро Имобиле од Лацио со 8 погодоци, по 7 имаат Икарди од ПСЖ и Левандовски од Баерн, 6 Мбапе од ПСЖ и Мартинез од Интер, а пет има македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ кој настапува во Турција за тимот Малатија.

Тој во месец октомври одиграл 270 минути, а пресметките покажуваат дека постигнувал гол на секои 54 минут. Тоа во просек би било 1,62 голови по натпревари.
Воедно Јаховиќ со вкупно 8 голови е втор најдобар стрелец во моментов во турската Супер лига по 9 одиграни кола.