Connect with us

Тајмаут

„Императорот“ се пофали со новата девојка, 20 години помлада од него (ФОТО)

Поранешниот бразилски напаѓач Адријано или како што популарно го нарекуваа „Императорот“ пред два дена го прослави својот 40-ти роденден.

Поранешниот напаѓач на бразилската репрезентација и на Интер ќе остане запаметен по силниот и прецизен удар, неколку спектакуларни голови, но и по турбулентниот живот, кој не им е туѓ на играчите кои во Европа доаѓаат од Јужна Америка. Како и многу негови сонародници, Адријано ги сакаше најзабранетите работи или оние што се дозволени. Секако, имаше многу жени, често ги менуваше, со некои поминуваше само неколку часа, некои подолго …

Денеска 40-годишникот живее малку помирно од порано, а роденденот го прослави во друштво на својата девојка Сеу Оливеира, која е речиси двојно помлада од него. Сеуа има 21 година.

Тие двајца првпат беа видени во јавноста пред околу една недела кога пристигнаа во Сао Паоло со приватниот авион на поранешниот голгетер на Интер. Медиумите во Бразил објавија дека Оливеира е студент по медицина родена во Рио де Жанеиро.

Поминува многу време на одржување на своето тело, често престојува во теретана и со задоволство објавува фотографии на Инстаграм.