Ракомет
Инфракт завршница без „хепи енд“
Европскиот шампион елиминиран, Нант го симнува од тронот Вардар. Европскиот шампион тука го завршува својот пат кон одбрана на титулата. Француско финале во Лигата на шампионите во кое Нант на Кирил Лазаров ќе се бори против Монпелје за трофејот во финалето од ЛШ.
Вардар направи многу грешки во првото полувреме, а Монпелје тоа вешто го искористи , и со серија од 3:0 во 18. минута повторно доаѓа до предност од два гола (9:7).
Во 25. минута, Монпелје имаше двајца ракометари помалку на теренот, но на Вардар успеа само да ја намали предноста на Монпелје на еден гол.
На самиот крај на првото полувреме со звукот на сирената Монпелје дојде до највисоки плус три голови, а резултатот на полувремето е 14:11 во корист на Французите.
На самиот стар на првото полувреме Вардар успеа да остане цврст во одбраната, а со тоа и да направи серија од 2:0 и да ја намали предноста на Монпелја она 15:14.
Вардар продолжуваше да греши, не беше конкретен во нападот, па затоа мораше да брка негатива од два гола.
Вардар успеа да се врати во 47. Минута имаше можност да го изедначи резултатот на 21:21, но шутот на Циндриќ успешно го скроти противничкиот голман.
Конечно, изедначувањето за Вардар стигна во 59. минута, Вардар изедначи на 27:27.
Во инфаркт завршницата, Монпелје успева да постивне гол на само неколку секунди до крајот на натпреварот за водство од 28:27.
Последниот напад го имаа Вардар, Борозан се крена на шут за изедначување и за продолженија на Вардар, но не успеа да реализира.
Монпелје во финалето ќе се сретне со Нант, во борбата за трофејот од Лигата на шампионите, а Вардар со ПСЖ ке се борат за третото место.