Фудбал
Иниеста до Барселона: Не го продавајте Ракитиќ
Шпанска „Марка“ направи интервју со легендата на каталонскиот тим Андрес Иниеста. Зборуваа за многу работи, за Барселона, за фудбалот во Јапонија, каде што во моментов настапува во тимот Висел Кобе, но и за моменталниот состав на каталонскиот тим.
Меѓудругото тој на раководството на Барселона порачува да не го продаваат Иван Ракитиќ.
-Јас не би дозволил да замине. Играше одлучно. Оваа година може не е во форма како порано, но тоа не значи дека не е играч со врвен квалитет, изјави Иниеста.