Фудбал
Инсиње откри: Одбив неколку понуди од Серија А
Поранешниот капитен на Наполи, Лоренцо Инсиње призна дека минатото лето ги одбил понудите од тимови во Серија А. Причината за одбивањето на крилниот напаѓач била неговата љубов кон Партенопеја. Во летото 2022 година, техничарот се пресели во канадски Торонто како слободен играч.
Имав неколку понуди од Италија, но како што отсекогаш велев, јас сум Наполитанец и навивач на Наполи, па би го носел само нивниот тим во Серија А“.
„Добив понуди и од странство, но не бев импресиониран од нивните проекти, за разлика од оние на Торонто. Не ми беше лесно бидејќи никогаш не сум бил толку далеку од дома, но максимално го искористувам ова искуство. Сега сакам само да уживам и да се обидам да победам со овој тим“, прокоментира Инсиње.