Connect with us

Ракомет

Интер доби можност да „украде“ уште една sвезда на Милан, а потоа виде што бара играчот

Интер заврши одлична работа ова лето со доаѓањето на Хакан Чалханоглу, кој пристигна во клубот како слободен играч од градскиот ривал Милан.

Чалханоглу не се согласи да го продолжи договорот со „росонерите“ и се чинеше дека кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, но турскиот играч за врска на крајот ги изненади сите со својата одлука да потпише за Милан.

Турскиот репрезентативец веќе покажа дека ќе биде големо засилување за Интер, а челниците на овој клуб имаат можност следното лето бесплатно да донесат уште еден играч на градскиот ривал.

Имено, сега е речиси јасно дека Франк Кеси нема да го продолжи договорот со Милан и тој е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Италијанските медиуми објавија дека неговиот агент ги контактирал челниците на Интер и им дал можност да го доведат Кеси следното лето без надомест.

Меѓутоа, како што пишува Ла Газета дело Спорт, тоа тешко дека ќе се случи бидејќи Кеси бара огромна плата во Интер која овој клуб не може да му ја даде со оглед на тоа што не се во најдобра финансиска ситуација.

Кеси од Интер бара бонус од осум милиони евра доколку дојде бесплатно во овој клуб, но веднаш одбија на „Меаца“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама