Connect with us

Фудбал

Интер ги меле противниците, четири меча по ред постигнува по четири голови (ВИДЕО)

Интер е на добар пат да ја освои 20-тата титула во клупската историја и со тоа да ја додаде втората ѕвездичка на дредовите. Тимот на Инзаги игра навистина фантастично во Серија А, а доволен податок е дека оваа 2024 година на 8 меча имаат исто толку победи, вклучувајќи ја победата од 1:0 против Атлетико Мадрид во ЛШ. Во Серија А на четири меча по ред постигнуваат по четири голови. Победа од 4:2 против Рома, потоа со по 4:о против Салернитана, Лече и синоќа Аталанта.

На синоќешниот меч Аталанта поведе со 1:0, но сепак по ВАР реакцијата голот беше поништен поради игра со рака. Потоа следуваше потоп. Најнапред Дармијан погоди, па потоа во финишот на првиот дел Лаутаро Мартинез постигна фантастичен погодок. Во вториот дел нови два гола на Интер. Лаутаро не реализираше пенал, на одбиената топка натрча Ди Марко и постигна гол за 3:0. Точка на мечот стави Фратези со гол со глава, кој потоа поради повреда веднаш го напушти мечот. Интер има 69 бодови со сасцинантна гол разлика со 67 постигнати и само 12 примени голови во Серија А. Втор на табелата е Јувентус кој има 12 бодови помалку, а трет е Милан со 16 бодови помалку.

Standings provided by Sofascore