Фудбал
Интер го „жртвува“ најдобриот во Бразил, да ја покрие платата и трансферот на напаѓачот на Челзи
Бразилското првенство заврши, шампион е Фламенго. Истиот клуб ја освои и Копа Либертадорес, а најзаслужен за тоа е напаѓачот Габриел Барбоса, кој е во сопственост на Интер и настапува како позајмен. Габигол е најдобар стрелец во бразилската лига, го доби признанието најдобар играч, а секако освои и два пехари.
Покрај тоа што тој ја врати формата откако го напушти Интер, сепак тимот од Милано не планира да му даде втора шанса. Наместо тоа во јануари ќе го продаде за да го финансира трансферот на Оливе Жиру, напаѓач на Челзи.
Тој подолго време е желба на Антонио Конте.