Connect with us

Фудбал

Интер губи ѕвезда без пари

Крилниот напаѓач на Интер, Алексис Санчез би можел да се врати во Англија, каде што играше за Арсенал и Манчестер Јунајтед. Евертон е заинтересиран за 33-годишниот чилеански репрезентативец.

Според Дејли Мејл, Интер им понудил на „Карамелите“ да го земат Алексис без да платат трансфер. На италијанскиот шампион му е поважно да се ослободи од високата плата на напаѓачот.

Санчез е во Интер од 2020 година, но има релативно периферна улога во тимот поради честите повреди со кои се здоби. Тој има договор до 2023 година, но клубот сака да се раздели со него сега.

Оваа сезона Чилеанецот учествуваше на 12 натпревари во Серија А, на кои постигна 2 гола и направи 3 асистенции.