Connect with us

Фудбал

Интер против Лацио, во обид да се одлепи од Милан

Италијанскиот шампион Интер ја пречекува екипата на Лацио во едно од дербито на 21. коло во италијанската Серија А. Натпреварот на стадионот „Џузепе Меаца“ е денеска од 20:45 часот.

Нероаѕурите се во одлична форма од седум последователни победи во првенството и вкупно 11 натпревари без пораз. Тимот на Симоне Инзаги, кој се соочува со својот поранешен тим, е лидер во поредокот со 46 бодови, само еден бод повеќе од градскиот противник Милан, но Интер има натпревар помалку поради одложениот натпревар против Болоња во претходното коло.

Лацио од своја страна игра променливо на досегашните натпревари, но остануваат блиску до местата кои имаат право за учество во Лигата на шампионите. Тимот на Маурицио Сари е шести со 32 бода, шест помалку од четвртопласираната Аталанта.

Инзаги за овој меч нема да може да смета на казнетиот Хакан Чалханолу, како и на оние кои биле позитивни на коронавирус Алекс Кордас и Мартин Сатријано. Сепак, добрата вест е дека Един Џеко веќе се опорави од КОВИД и се врати во тимот. За „римските орли“ пресметката ќе ја пропуштат Франческо Ачерби и Жан-Даниел Акпо Акпо, кој е со репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска на Африканскиот куп на нации.

Интересно, единствениот пораз на Интер оваа сезона беше на првиот натпревар против Лацио во октомври. Тогаш Лацијалите ги победија шампионите со 3:1 на Олимпико.

Реклама

Facebook

Реклама