Фудбал
Интер планира да ги казни Лукаку и Барела
Николо Барела и Ромелу Лукаку би можеле да добијат суспензија од Интер по нивната пресметка против Сампдорија.
Инцидентот се случи доцна во првото полувреме кога Барела фрустрирано гестикулираше со рацете откако Лукаку лесно ја загуби топката.
Поранешниот напаѓач на Челзи не бил задоволен од реакцијата на својот колега и извикал: „Немој така, престани со тие раце! Престани, не е во ред, навреда е, прекини сега!“
му одговори Барела малку подоцна, па Белгиецот во продолжение жестоко го опцу: „Нико, Нико! Доста е! Ти ебам кучкин сине“.
Шефовите на Интер најавија дека ќе спроведат внатрешна истрага, која може да доведе до парични казни на играчите, за да се осигураат дека слични инциденти нема да се повторат во иднина.
По натпреварот тренерот Симоне Инзаги призна дека е незадоволен од се што се случило.
„Тоа се случува на теренот, но не треба, не сум среќен што беше така. Седнаа еден до друг на полувремето, добри пријатели се. Сепак, ова се инциденти кои не сакам да ги видам“, изјави Инзаги.