Connect with us

Фудбал

Интер понуди 35 милиони за Кулушевски, Аталанта кажа „ДА“, се чека Парма

Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, позајмен од Аталанта, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според медиумот, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.

Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е позајмен на Парма до крајот на сезоната. Аталанта се согласила, а се очекува реакција од „Млекарите“.

Деветнаесет годишниот Кулушевски оваа сезона досега има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.