Фудбал
Интер се повлече од едно од натпреварувањата на УЕФА
Италијанскиот тим Интер преку официјалната интернет страница соопшти дека нема да го одигра мечот од УЕФА младинската лига за играчи до 19 години против француски Рен. Како што е соопштено, свесни се дека оваа осминафинална пресметка ќе ја загубат со 3:0, но сепак здравјето на играчите и останатите лица во тимот им е поважно од резултатот, велат од клубот од Милано.
Причината е коронавирусот, а мечот се откажува како превенција и страв од негово ширење.