Фудбал
Интер стана мајстор за супер трансфери за НУЛА евра! (ФОТО)
Италијанските медиуми пишуваат дека од следната сезона, поточно во јуни на Интер ќе му се приклучат Пјотр Зиелински (среден ред) од Наполи и Мехди Тареми (напад) од Порто. Ова е уште една одлична зделка на Интер, бидејќи за овие двајца играчи да ги донесе потрошо НУЛА евра. Италијанските медиуми ја величаат работата на директорот Бепе Марота, кој уште во времето кога беше дел од Јувентус покажа дека има сенс за играчи кои во клубовите се подзаборавени, ги носи во тимот, а потоа се покажуваат како вистински потег. Интер полека станува мајстор за трансфери од НУЛА евра, бидејќи како што е познато претходно без обесштетување ги донесе Стефан Де Вриј, Турам, Мкхтаријан, Чалханоглу, Онана…