Фудбал
Инзаги: Сезоната е одлична за нас
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги беше пресреќен по победата на неговиот тим над Фиорентина со 2-1 во финалето на Купот на Италија. Нероаѕурите втора година по ред го кренаа трофејот, а сега ги очекува финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
„Среќен сум бидејќи го освоивме пехарот, сакавме да го продолжиме тоа што го правевме минатата сезона. Фиорентина е квалитетен тим кој ни задава многу проблеми. Лошо го започнавме натпреварот, со погрешен став, што е реткост за нас. Но, момците успеаја да останат во игра и да ги свртат работите во наша корист. Сега ни остануваат уште два натпревари во Серија А, а потоа и финалето во Истанбул. Тоа беше одлична сезона за нас и се надевам дека ќе продолжиме вака до самиот почеток крај“, рече Инзаги.