Иранскиот Меси ги негираше обвинувањата

Двојникот на Лионел Меси, Иранецот Реза Парастеш, ги отфрли тврдењата дека има измамено 23 жени, искористувајќи ја неговата сличност со аргентинската суперѕвезда.

Парастеш, за кого „Марка“ објави дека е тужен од 23 жени, со кои спиел, ги искористи социјалните мрежи за да ги негира информациите.

Неговата популарноста и понатаму расте поради сличноста со Лионел Меси и веќе собра 700.000 следбеници во Инстаграм.

– Здраво пријатели, лажни информации се шират на социјалните мрежи дека сум спиел со 23 жени кои мислеа дека сум Лионел Меси. Ве молам, не си играјте со репутацијата на луѓето. Ако тоа беше вистина, сега би бил во затвор. Не верувајте во ова. Ќе се борам да го исчистам моето име, вели Иранецот во специјално видео.