Connect with us

Кошарка

Ирвинг се врати во составот на Далас откако пропушти 12 натпревари поради повреда

Кајри Ирвинг се врати во составот на Далас маверикс по санирањето на повредата.

Една од ѕвездите на Далас постигна 14 поени, но тоа не му помогна на тимот од Тексас да избегне пораз на средбата со Јута (90:127).

Ирвинг покрај 14 поени имаше и девет скока и четири асистенции со шест погодени шута од 14 обдиди од поле.

Ирвинг ги пропушти последните 12 натпревари во НБА-лигата поради повреда на десната пета. Тој ноќеска против Јута одигра 32 минути.