Тајмаут
ИСИС не му се заканува само на Роналдо и Меси, сега нека се пазат и навивачите
ИСИС веќе долго време се заканува со „пеколни планови“ за претстојниот Светско првенство во Русија.
На мета на заканите првенствено се најдоа најголемите фудбалски ѕвезди, а ИСИС честопати на монструозните плакати беа прикажувани Меси и Роналдо.
Сепак, сега постојат закани за навивачите и за сите оние кои се наоѓаат во Русија за време на Мундијалот.
ИСИС преку нивните медиумски канали во јавноста пласираа „постер“, на кој пишува само Русија, а на истиот е прикажан и бело комбе извалкани со крв, и многумина заклучија дека тоа е закана за убиство на голем број луѓе само со користење на моторно возило.

Инаку, методот на забивање со возила во масата на пешаците членови на ИСИС веќе го практикува низ цела Европа, во терористичките напади во Ница, Барселона, Лондон.
Покрај оној со комбе, беа објавени уште неколку постери. Од оној на кој претседателот на ФИФА Џани Инфрантино чека на „погубување“, се до упатство за извршување на терористички напади за време на Светското првенство, и во кое се поканува членовите и симпатизерите на ИСИС да му наштетат на Мундијалот со моторни возила, огнени и ладни оружја и експлозиви.
