Connect with us

Други спортови

„Исклучете го Ѓоковиќ од турнирот“ Се огласи украинскиот амбасадор: Дали поддржуваш војна?

Пред таткото на најдобриот српски тенисер Срѓан Ѓоковиќ да објави дека нема да дојде на полуфиналниот меч на Австралија опен, за целата ситуација проговори и украинскиот амбасадор.

Срѓан Ѓоковиќ во изјавата рече дека нема да присуствува на полуфиналниот натпревар меѓу Новак Ѓоковиќ и Томи Пол на Австралија Опен поради хаосот што го предизвика славењето со руското знаме кое сакаше да го симне притисокот од неговиот син . Новак во претходните 24 часа беше под „огнот“ од јавноста поради потезите на татко му, па дури имаше и официјално предупредување од Австралија Опен и не заврши само тука.

Украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко, уште пред објавата побарал Срѓан Ѓоковиќ да биде исфрлен од Австралија опен , односно да не може да присуствува на преостанатите натпревари на турнирот, додека побарал од Новак да се извини за тој потег , јавуваат австралиските медиуми. .

“Тоа е неприфатлив срам за турнирот. Мора да има санкција… Исто така, важно е да се праша Новак Ѓоковиќ за неговото мислење за оваа ситуација. Дали тој го поддржува Путин? Дали ја поддржува војната во Украина? Што мисли тој за поддршката на неговиот татко?” , рече украинскиот амбасадор Мирошниченко и потоа додаде: „Сега останува на Федерацијата да ги преземе следните чекори. Мислам дека е добра идеја да не го пуштиме на стадион, не знам како е можно да каже нешто како дека кога знае што прават Русите во Украина, кога знае колку луѓе се убиени, силувани и мачени и што им прават на цивилите“.

Во интервју за „Хералд Сан“, по говорот за бројни медиуми, Мирошниченко додаде дека „целиот Австралија опен беше контроверзен од самиот почеток“, посочувајќи дека тенисерите од Русија не требало да учествуваат. „Ѓоковиќ е тениска суперѕвезда, најпознатиот тенисер во светот, па затоа е многу разочарувачки да се види неговиот татко како навива за Русија.

Во меѓувреме, и од Тенискиот сојуз на Австралија се огласија и преку соопштение потврдија дека се запознаени со „непримерните знамиња и симболи“ кои беа покажани по натпреварот, притоа додавајќи дека за тоа разговарале со тенисерите и нивните тимови.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ ќе игра против Томи Пол за финалето на Австралија опен од 9:30 часот по средноевропско време.