Тајмаут
Иско: Повеќе не разговарам со Роналдо
Шпанскиот репрезентативец и ѕвездата на Реал Мадрид, Иско тврди дека не разговара со Кристијано Роналдо.
Репрезентациите на Шпанија и Португалија одигра 3:3 во нивниот прв натпревар на Мундијалот. И покрај тоа што двајцата се играчи на Реал, Иско тврди дека после овој натпревар не разговара со Португалецот. Сепак, сето ова е само шега.
„Повеќе нема да разговарам со него после оној ден“, на шега рече Иско, па додаде:
„Нема некој процент на слободни удари, но претходните два гола му дадоа самодоверба и виде дека е близу до хет-трик.
Шпанија освои бод против Португалија иако остана бе селекторот Јулен Лопетеги на само два дена пред почетокот на СП, а него го замени Гернандо Јеро.
„Покажавме зрелост за да се избориме со она што се случило. Сфативме дека најважно е тоа што сме таму и она што ќе го направиме. Имавме добар предизвик на стартот и покажавме дека секогаш сме заедно и тоа е показател како треба да играме понатаму“, кажа Иско.