Ракомет
Исланд ја „прегази“ Црна Гора
Селекцијата на Исланд забележа убедлива победа против Црна Гора со 34:24. Омар Инги Магнусон постигна 11 гола за Исланд, од кои 5 од 5 од пенал, а Милош Вујовиќ, пак, беше најдобар за Црногорците со идентични 11 гола. Исланд е трет во групата, но доколку Данска ја совлада Франција, тогаш може да се пласира во полуфиналето.
Во овие моменти играат Хрватска и Холандија, меч кој од резултатска смисла нема големо значење.