Историска шанса за македонските кошаркарски надежи: Скопје домаќин на Европското првенство

На состанокот на Бордот на ФИБА Европа одржан во Келн, беа усвоени термините и градовите домаќини на Европските првенства кои ќе се одржуваат следното лето во сите категории.
Секако најзначаен за нас ќе биде настапот на најмладата машка селекција за играчи до 16 години (родени 2004-та и помлади) која ќе биде и единствената која ќе се натпреварува со елитата, односно ќе игра во А дивизијата.
ФИБА Европа реши, токму домаќин на Европското кадетско првенство во 2020 година да биде Македонија, односно Скопје.
На шампионатот што ќе се одржува од 14 до 22 август, македонските кадети ќе имаат голема можност пред својата публика да се натпреваруваат со најдобрите селекции од „стариот“ континент.
Ваквата шанса генерацијата на кошаркари родени 2004-та ја добија пред се благодарение на нивните повозрасни колеги, односно генерацијата 2002-ра која најнапред не врати во А дивизијата, а лани и од генерацијата 2003-та која избори опстанок.
Но. Големата шанса за која години наназат (4-5) се работеше на проектот „Заедно до 16“,  може да кулминира дури догодина.
Така селекторот кој ќе ја предводи оваа репрезентација, Андреј Лечиќ Апостолски, инаку внук на легендарниот Лазар Лечиќ, и момчињата кои ќе се изборат за место во неа, а со голема логистичка поддршка од МКФ, ќе имаат задача, да се „втурнат“ во борба за местата кои носат пласман на Светското првенство, голема шанса што ја пропушти претходната генерација (2003-та).
Време има на претек (повеќе од 9 месеци), па затоа уште од утре (понеделник 10.11.2019), сите заедно ќе мора да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, и да не дозволат уште една голема можност да биде пропуштена.
Што се однесува до останатите селекции. Тие ќе играа во второто по ранкинг натпреварување, односно Б дивизијата.
Така младинците (до 20 години) ќе се натпреваруваат на шампионатот во Тбилиси, Грузија што ќе се одржува од 10 до 19 јули.
По нив ќе следуваат јуниорите (до 18 години) кои ќе играат на првенството во Ородеа, Романија, од 24 јули до 2 август.
На следниот линк може да го видите и целосниот календар за младинските Европски кшракарски првенства, што ќе се одржуваат следното лето.

-текстот продолжува по рекламата-