Connect with us

Други спортови

ИСТОРИСКО: Без ниту секунда трка – Верстапен ја освои ГН на Белгија

Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), бидејќи стартуваше од пол – позицијата за Големата награда (ГН) на Белгија, откако забележа одличен резултат на вчерашните квалификации, денеска го подигна пехарот.

Дождот не дозволи да се создадат услови на пистата СПА – Франкошамп за трка, па иако имаше обид со два церемонијални круга со безбедносно возило натпревар сепак да има, на крај организаторите решија да се пресликаат резултатите од квалификациите.

Трката требаше да започне во 15.00 часот, но стартот беше одложен во неколку наврати поради силниот дожд и екстремно лошите временски услови. Кругот за загревање започна во 15.25 часот, а пет минути подоцна беше одлучено да се одложи почетокот.