Фудбал
Исторски старт и срушени рекорди за Интер на почетокот од сезоната
Играчите на Интер покажуваат одлична игра оваа сезона, вклучвајќи и последната против Верона .
Во 11 натпревари одиграни оваа сезона, “Нероазурите” имаат 9 победи и два нерешени резултати, што е најдобриот почеток на тимот досега во Серија А.
Тимот на Лучијано Спалети не успеа да победи против Болоња и Наполи.
Она што е особено интересно е дека тоа не е доволно за првото место што во моментов го зазема Наполи со два бода повеќе од Интер.
Во следното коло, Интер го пречекува Торино.