Connect with us

Фудбал

Италија против Македонија со уште еден натурализиран играч во нападот?

Европскиот првак Италија тргна во натурализација на фудбалери. Роберто Манчини после Аргентинецот со италијанско потекло Матео Ратеги, сериозно работи за ангажман во националниот тим на уште едно засилување за фајнлфорот во Лигата на нации во јуни и продолжението на евроквалификациите од септември, и тоа со еден од најталентираните Французи – Рајан Черки.

Македонија е во група со Италија во квалификациите за ЕП 2024, првиот меч се игра во септемри во Скопје, а реваншот е закажан за ноември.

Претходно, нашиот национален тим ја елиминираше Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Лани во март, Македонија славеше во Палермо со 0:1, со голот на Александар Трајковски.