Connect with us

Фудбал

Италијански фудбалер осуден на доживотен затвор за бруталното убиство на поранешната девојка

Италијанскиот фудбалер Џовани Падовани (28) е осуден на доживотен затвор затоа што до смрт ја претепал својата поранешна девојка Алесандра Матеци. Злосторството се случило една недела откако бил пријавен за следење, а несреќната жена ја претепал со чекан пред нејзината куќа на 23 август 2022 година, пишува Дејли Мејл.

Падовани (28), кој играше за нисколигашот Санкаталдес како стопер, беше осуден во понеделникот, а деталите за убиството кои се откриени се навистина ужасни. Алесандра наводно разговарала со нејзината сестра Стефанија на телефон кога Стефанија ги слушнала нејзините врисоци додека Падовани,  фатално ја нападнал. Падовани користел различни предмети, вклучувајќи чекан, тупаници, безбол палка и на крајот клупа што ја зел од блиската градина.