Италијански клуб му порача на Ибрахимовиќ: Среќни сме што се враќаш во Италија

„Наскоро ќе бидам во Италија, во тим што треба повторно да победува“. Тоа беше оваа порака што шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја достави денес за списанието „GQ“, но без да прецизира во кој тим ќе игра.

Сепак, неколку часа подоцна Фиорентина преку својот Твитер налог повторно „провоцираше“, или подобро речено ги подгреа надежите на фановите.

Фиорентина напиша:

„Среќни сме што сме што се враќаш во Италија“.