Ракомет
Иван Чупиќ заминува од Вардар, договорил трансфер?!
Се чини дека хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ на лето ќе го напушти Вардар по пет години минати во Скопје. Според информациите од хрватските медиуми, тој ќе потпише за РК Загреб.
Наводно Чупиќ договорил тригодишна соработка со РК Загреб, каде воедно ќе ја заврши кариерата.
Чупиќ, кој има три пехари во ЛШ, освен за Вардар, настапуваше за тимови од Шпанија, Германија и Полска.