Фудбал
Иван Ракитиќ плачеше на прес конференцијата, се збогува со Севиља, познат е и новиот клуб (ВИДЕО)
-Реков дека нема да плачам. Ќе се сеќавам најмногу на она што го доживеав надвор од стадионот. Кога некој ќе пристигне во нова земја, мора да си го заслужи местото на теренот, но најважни се спомените што ќе ги остави зад себе, изјави Иван Ракитиќ, на прес конференцијата на која се прости со навивачите и соиграчите од Севиља, бидејќи заминува во Саудиска Арабија.
Ракитиќ воедно додаде:
-Живеевме заедно седум неверојатни години. Ја имав привилегијата да го носам овој дрес 323 пати. Треба да се разбере дека циклусот завршува. Важно е да го знаете тоа, иако понекогаш може да боли. Гледајќи ги двата трофеи во Лига Европа, посакувам да ги има уште многу. Сите постигнуваме голови и даваме асистенции, но она што го сакаме се тие трофеи. За среќа, можеме да кажеме дека Севиља има неколку од нив, изјави Ракитиќ.
Иван Ракитиќ (35) ќе настапува во иднина за Ал Шабаб од Саудиска Арабија.