Connect with us

Кошарка

Израел синоќа гостуваше во Словенија: Протести, навреди, а познат актер истрча на терен

Кошаркарската репрезентација на Словенија синоќа во арената Бонифика во Копер го совлада Израел во квалификациите за Европското првенство, а дуелот имаше „позадина“ и на паркетот. Иако организаторите на натпреварот се потрудија сè да помине без проблеми и политиката да не се меша со спортот, посетата на Израел на Копер не можеше да помине без жесток пречек за Израелците и поддршка за Палестина во екот на конфликтот што траеше повеќе од четири месеци.

Група словенечки навивачи се организираа и одржаа протест пред салата под името: „Словенија навива, Израел убива“. Група навивачи, предводени од жени, по протестот влегоа во арената Бонифика и се сместија на трибините веднаш зад клупата за израелските кошаркари. Овие навивачи шверцувале палестински знамиња, иако контролите на влезовите биле строги, а потоа од трибините ги провоцирале израелските кошаркари кои биле стационирани директно пред нив.