Connect with us

Тајмаут

Извинете бев идиот, Клоп прво го понижи, па потоа му се извини на преведувачот

Јурген Клоп сепак испадна џентламен откако му се извини на преведувачот, кој го понижи за време на прес конференцијата пред мечот со Салцбург одигран синоќа. Имено, на таа прес конференција, тренерот не беше задоволен како преведувачот преведува од англиски на германски, па ги зема работите во своите раце, порачувајќи му да преведува како што треба.

Сепак, по мечот и откако победија со 2:0 Клоп се извини. Меѓудругото изјави:

-Не ми се допаѓаше преводот, но начинот на кој го кажав тоа беше глупав.  Извинете, бев идиот, рече Клоп.