Ракомет
Извлечени паровите за плејофот и плејаутот на ракометната Суперлига
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска беа извлечени паровите за плејофот и плејаутот на Суперлигата за сезоната 2018/2019.
Натпреварите од плејофот треба да стартуваат претстојниот викенд, но дуелот меѓу Работник и Вардар ќе биде одложен поради обврските на двата клуба во европските натпреварувања.
Ќе се играат десет кола, а најдобриот тим ќе биде крунисан со титулата првак на Македонија. Плејофот почнува на крајот на март, на 23 и 24, со мечевите од првото коло, а треба да заврши на 1 и 2 јуни.
Градското дерби меѓу Вардар и Металург треба да се игра прво во СЦ „Јане Сандански” во 5. коло (27/28 април), а реваншот во Автокоманда на 1 или 2 јуни.
Прво коло плејоф Суперлига – мажи:
Металург – Пелистер
Еурофарм Работник – Вардар
Пролет – Бутел
Во плејаутот за опстанок ќе играат Охрид, Струга, Радовиш, Вардар Јуниор, ГРК Борец и Прилеп.
Кај дамите во првото коло ќе гледаме дерби меѓу Вардар и Металург, додека вториот пар го сочинуваат Куманово и Стружанка, а ракометарките на Пелистер ќе бидат слободни.
Прво коло плејоф Суперлига – жени:
ЖРК Металург – ЖРК Вардар
Куманово – Стружанка
ЖРК Пелистер се слободни во првото коло.