Ракомет
Ја делеше минутажата со Кире Лазаров во Нант и Барселона, сега доаѓа во Алкалоид
Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо од наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот вицешампион, екипата на Алкалоид
Порталот www.javisejuzna.mk ексклузивно од извори во Романија, дознава дека Гурбиндо, кој мината сезона настапуваше за романски Динамо Букурешт и стигна до титулата ќе биде нов ракометар на Алкалоид.
Своевремено во Нант и Барселона ја делиеше минутажата со најдобриот македонски ракометар на сите времиња, а сега тренер на Алкалоид и селектор на нашиот сениорски тим – Кире Лазаров.
Извор javisejuzna.mk