Connect with us

Фудбал

Ја има најлошата сезона, а платите во Манчестер Јунајтед огромни

Клубот од „Олд Трафорд“ ја игра една од најлошите сезони во последните три децении. Има само девет бодови од осум одиграни натпревари и се наоѓа само два бода над зоната за испаѓање.

Во наредното коло играат против големиот ривал Ливерпул, а според медиумите ова е последна шанса за Оле Гунар Солскјер, кој доколку се случи тоа ќе добие богата опремнина.

Манчестер Јунајтед практично е лидер според сумата која ја издвојува за фудбалерите и стручниот штаб.

Извештаите покажуваат дека Јунајтед за плати издвојува неверојатни 332 милиони фунти годишно. Само платите на фудбалерите изнесуваат 139,8 милиони фунти годишно, без стручниот штаб и техничкиот персонал. Најплатен е Давид Де Хеа со 375 илјади фунти неделно, потоа Пол Погба со неделна плата од 290 илјади фунти.  Во 332 милиони фунти секако пресметана е и платата на Алексис Санчез, кој е на позајмица во Интер, но до крајот на сезоната две третини од платата, која изнесува 21 милион фунти годишно, ќе ја плаќаат „Црвените ѓаволи“.