Connect with us

Тајмаут

Ја исвиркаа атрактивната Ребека на стадион, а потоа дознаваа колку години има

Атрактивните водителки одамна го презедоа приматот во светот на спортот.

Многу се зборува за европските водителки, особено за познатата Италијанка Дилета Леота, но има и многу атрактивни убавици во светот на новинарството во САД.

Ребека Грант е една од нив. Оваа атрактивна новинарка е голем фан на НФЛ тимот Бафало Билс и тоа никогаш не го криела.

Она што е секако неверојатно е дека оваа жена има 53 години. Нејзиниот изглед воопшто не го открива тоа, бидејќи многу се трудела да ги сокрие годините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebecca Grant (@rebeccagrants)

Сепак, иако е во шестата деценија од животот, таа и понатаму мами воздишки каде и да се појави, особено на натпреварите во американски фудбал.

Често се случува по неа да се слушнат неколку свирежи. Никој не верува во годините, но тоа е реално помалку важно во се.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebecca Grant (@rebeccagrants)

Исто така, таа самата знае како да ја разгори фантазијата на мажот. Таа го прослави почетокот на новата сезона во НФЛ со бикини шут кој го привлече вниманието на мажите.

Атрактивната Ребека во текот на нејзината кариера работеше за големи телевизиски куќи како Фокс и ЕСПН, а сега има одредени обврски и во други сфери на новинарството.

Се испробала и во актерството. Таа имаше неколку улоги во познати филмови и добро ја заврши работата.

Сепак, таа е најдобра кога се занимава со Бафало Билс. Таа работеше како официјална портпаролка на тимот и нејзината љубов кон овој тим остана засекогаш.

Ребека сигурно би била најсреќна доколку Билс конечно ја освои титулата во НФЛ.