Тајмаут
Ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед, па станал Џејмс Бонд
Шкотскиот актер Шон Конери почина неодамна на 90-годишна возраст.
Конери беше првиот што го портретира иконскиот измислен британски таен агент Џејмс Бонд, глумејќи во седум филмови за Бонд помеѓу 1961 и 1983 година.
Конери можеше да има сосема поинаква кариера доколку ги следеше сопствените амбиции да игра фудбал. На почетокот на кариерата имал опција да избере: Манчестер Јунајтед или професијата актер.
Имено, во раните 50-ти играше за полупрофесионалниот шкотски клуб Бонириг Роуз, по што доби понуда од Ист Фајф, клуб од понизок ранг во неговата земја. На крајот дури бил забележан и од тогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Мет Базби, кој бил толку импресиониран од неговите фудбалски вештини што му понудил договор.
„Навистина сакав да прифатам бидејќи го сакав фудбалот“, изјави Конери за списанието Mud and Glory во 2005 година, додавајќи:
„Но, сфатив дека врвен фудбалер може да има само малку повеќе од 30 години, а јас веќе имав 23. Решив да станам актер и тоа се покажа како еден од моите поинтелигентни потези“.
И се чини дека тој навистина го погоди клинецот со изборот. Покрај улогата на Џејмс Бонд, тој имаше и незаборавни улоги во филмови како Индијана Џонс и Последната крстоносна војна, Лов по црвениот октомври и Карпата.
Конери го освои Оскар за најдобра споредна машка улога во 1987 година за полицаецот Џим Мелоун од Чикаго во „Недопирливите“.
Актерот го сакаше и тенисот, што го покажа со редовното присуство на турнирот УС Опен во Њујорк.
На Отвореното првенство на САД во 2012 година, Конери и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон упаднаа на прес-конференцијата на Енди Мареј откако наводно испиле неколку чаши вино.
Such an iconic moment. Three of the greatest Scots in recent years together.
Sir Alex & Sean Connery interrupt Andy Murray’s press conference at US Open.
Few red wines that evening 🍷 pic.twitter.com/i0vpI8DmCr
— Euan Booth Robertson (@EuanBRobertson) October 31, 2020