Connect with us

Тајмаут

Ја освои Лигата на шампионите, а потоа го обзедоа коцкањето и алкохолот: „За една ноќ изгубив 200.000“

Некои играчи во одреден момент едноставно губат контрола над своите животи и влегуваат во големи неволји.

Коцкањето и алкохолот се пороци на кои многумина не одолеале, а исклучок не се ниту фудбалерите кои заработуваат огромни пари и имаат можност да уживаат во луксуз.

За време на неговата кариера, Дитман Хаман беше познат како сигурен и благодарен играч од средниот ред. Во Англија настапуваше за Ливерпул и Манчестер Сити, додека беше и германски репрезентативец.

Со црвените славеше во познатото истанбулско чудо кога по големиот пресврт и подобрите пенали, Ливерпул беше поразен во финалето на Лигата на шампионите.

После тоа, проблемите по проблемите почнаа да му доаѓаат на Хаман, кој постепено го превземаа коцкањето и алкохолот и мораше да заврши на лекување.

А кој човек не би го пиел кога бракот му се распаѓа?“, напиша Хаман во книгата „Мојата љубовна врска со Ливерпул“.

Аман прво го остави сопругата Тина, дополнително го погоди тоа што старателството над двете ќерки и припадна на мајка му, а долговите растеа од ден на ден.

Своевремено англиските медиуми пишуваа дека Хаман имал дури 600.000 фунти долг, што не е изненадување со оглед на големите загуби од коцкање.

“Имаше една ноќ која ме чинеше 200.000 фунти и очигледно тоа беше долга и болна ноќ. Кога ќе се разбудите наутро воопшто не ви се допаѓа она што го гледате”, рекол Хаман пред десет години.

Хаман, кој го постигна последниот гол на стариот Вембли, мина седум години на „Енфилд Роуд“, а покрај Лигата на шампионите против Алавес го освои и Купот на УЕФА.

По завршувањето на фудбалската кариера, спасот го најде во тренерската работа, а со години работи како гостин коментатор на различни ТВ станици.

Последниот скандал го направи пред три години кога беше обвинет за напад на поранешната девојка Бриџит Греј за време на одмор во Австралија, но беше ослободен.