Ракомет
Јагуриновски нема да може против Холандија, Лазаров повика друг играч
Томислав Јагуриновски нема да игра против Холандија покажаа анализите на неговата повреда на мечот против Норвешка. Информациите од стручниот штаб на Македонија велат дека повредата на Јагуриновски не е наивна како што се мислеше. Од тие причини селекторот Кире Лазарв повика нов ракометар, а тоа е Давид Савревски.
Мечот против Холандија се игра утре со почеток во 18:00 часот.