Фудбал
Јаховиќ се враќа во репрезентација: Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина
Фудбалерот на Гезтепеспор, Адис Јаховиќ повторно се враќа во репрезентацијата на Македонија. Во денешната изјава тој не го криеше задоволството за неговото враќање.
Пред два месеци со селекторот имавме состанок и разговаравме за моето враќање. Чувството е убаво, секогаш сум сакал да играм за Македонија и сум го чуствувал тоа за мојата татковина, но таква беше претходната ситуација. Но што било поминало, не сакам да се враќам назад. Повикот ме радува и среќен сум што сум дел од репрезентацијата. Мило ми е што сум со една квалитетна и добра репрезентација. Се надевам дека ќе се адаптираме. Сите ги познавам. Се е до нас. Само треба да покажеме квалитет на терен.
Македонија против Ерменија е на 2-ри септември во Скопје.