Ракомет
Јакобсен ќе одмора неколку ѕвезди против Македонија
Данска ќе биде фаворит за бодовите и ќе игра без притисок вечерва од 20:30 часот. Данците веќе обезбедија пласман во следната рунда, а вториот патник ќе се решава во дуелот помеѓу Словенија и Црна Гора. Македонија е пследна на табелата. Поради тоа селекторот се одлучи да им даде одмор на неколку ѕвезди, а во текот на натпреварот ќе се обиде да го разигра целиот тим од клупата на резерви.
„Секогаш сум поддржувач на штедењето. Ако можеш да заштедиш, направи го тоа затоа што ќе ти треба подоцна. Дали чини нешто? Не верувам дека е така. Има толку многу смиреност и самодоверба во тимот овде што ако играме лош натпревар, веројатно ќе бидеме конкурентни за победата. За нас е важно да влеземе и да го направиме она што треба да го направиме против Македонија. Мора да играме натпревар во полн ек и да играме за да победиме“, вели Јакобсен.