Connect with us

Ракомет

„Јане Сандански“ распродаден, ПИК Сегед ќе биде на тешки маки

РК Вардар за неколку часа ги распродаде и последните билети за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во ракомет против унгарскиот шампион ПИК Сегед,

Така, веќе е извесно дека СЦ „Јане Сандански“ на 25 април во 20:00 часот ќе биде исполнет до последното место за дуелот кој е последна пречка пред пласманот на завршниот турнир во „Ланксес Арена“ во Келн.

Билетите за стоење последни беа разграбани утрово и со исклучок на мала група унгарски фанови, сите гледачи во салата ќе навиваат за Вардар.

Возвратниот натпревар се игра во Сегедин на 5 мај 2019 година во 19:00 часот.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Ракомет

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com