Ракомет
Јапонски репрезентативец во Охрид
Јапонскиот репрезентативец Хироки Матсуока го облече дресот на ракометниот клуб Охрид. Матсуока (174цм, 74кг) има 26 години и игра на позицијата среден бек, а во Охрид ќе го носи дресот со број 5 и потпиша до 2025 година. Во тимот на ГРК Охрид доаѓа од Брно, Р.Чешка, а пред тоа дел од тимот на Осаки Осол, Јапонија каде во 2022/2023 е избран за МВП на јапонската лига. Има повеќе од 20 настапи за младинската репрезентација на Јапонија, а доби повик и ќе е дел од сениорскиот тим на Јапонија на Азиските игри во јануари.
-Здраво на фановите на Охрид. Дали сте изненадени што јапонски ракометар ќе игра за Вас? Ние сме можеби многу мали, но играме ракомет премногу брзо. Ќе дадам се за овој тим. Ве молам за поддршка. Возбуден сум со доаѓањето во Охрид, преубав град, големо езеро, фасциниран сум. Се надевам на успеси со овој тим – изјави Хироки.