Connect with us

Тајмаут

Јапонците навистина се од друга планета, потегот на СП во Катар поради кој воодушевија, но и засрамија многумина (ВИДЕО)

На отворањето на Мундијалот во Катар, Еквадор го победи домаќинот со 2:0 со головите на Енер Валенсија, а двете селекции имаа голема поддршка од трибините на овој натпревар. Имаше провокации, но на крајот сите мирно го напуштија стадионот.

Навивачите на овие две репрезентации оставија зад себе прилично голем хаос на трибините. Хартии, чаши, чанти беа расфрлани насекаде, но таму не останаа долго. Група навивачи од Јапонија кои го следеа натпреварот не можеа да го издржат целосниот хаос кој настана на трибините, па решија да реагираат.