Тајмаут
Јавно ја предизвика сопругата на Меси: Љубоморна е, ме прогонува веќе пет години
Манекенката на Плејбој и поранешна мис Бум Бум, Сузи Кортез, е најжестоката поддржувачка на Лионел Меси.
31-годишната девојка вели дека е жртва на злоставување од сопругата на ѕвездата на ПСЖ, Антонела Рокузо, за која вели дека е премногу љубоморна и ги контролира сите сметки на Меси на социјалните мрежи. Рекла и дека ги блокирала сите можни приоди кон сопругот.
“Антонела е лудо љубоморна на Меси. Таа сака да контролира што објавуваат другите. Таа мисли дека Меси ќе ја изневерува на Инстаграм, бидејќи е еден од најбогатите луѓе во светот и може да има супер тајни состаноци. Тоа е детски став. Таа ме прогонува на Инстаграм веќе пет години“, напиша Сузи на Инстаграм.
Сузи е буквално луда по Меси, па има неколку негови тетоважи, една дури и на нејзиниот интимен дел од телото.
View this post on Instagram
Сепак, свесна е и дека за Меси, Антонела е најважната личност во неговиот живот. Антонела и Лео се во брак од 2017 година, но заедно се уште од раните денови на младоста. Врската официјално започна во 2008 година и заедно имаат три момчиња.
Иако има шест тетоважи од својот идол, Сузи вели дека нема да застане тука и ќе продолжи да ја покажува својата посветеност на „најдобриот светски фудбалер“.
Што се однесува до Меси, тој е познат како лојален тип, иако минатото лето ја изневери верноста кон својот клуб Барселона кога потпиша за ПСЖ, но дел од вината за тоа е и кај самиот каталонски клуб кој не обезбеди пари за да го задржи и пријави за натпреварите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram