Connect with us

Фудбал

Језива сцена во српскиот фудбал, играчи беспомошно лежеа на теренот, влета и Брза помош (ВИДЕО)

Фудбалерите се судрија во шеснаесетникот на нивниот тим, по што следеа драматични моменти.

На еден српски фудбалски натпревар се случи ситуација каква што никогаш не сакаме да ја видиме.

Јединство Руменка и Жељезничар Инџија се сретнаа во 28. коло од Војводинската лига Југ (четврта лига на натпреварување), а во вториот дел жестоко се повредија двајца фудбалери на Јединство.

Фудбалерите се судрија во шеснаесетникот на нивниот тим, по што следеа драматични моменти.

Кога ја сфатиле сериозноста на ситуацијата, соиграчите во шок им се фатиле за главите, а веднаш била повикана брза помош.

Лекарите се појавиле по нешто повеќе од 10 минути, по што им помогнале на повредените играчи.