Фудбал
Јокиќ: Ако ги победиме Македонија и Австрија веќе ќе бидеме чекор до ЕП
Одбранбениот фудбалер на словенечката репрезентација Бојан Јокиќ ја истакна важноста на претстојните натпревари од квалификациите за ЕУРО 2020. Словенија за само неколку дена игра против Македонија и Австрија.
– Имавме добри настапи во септември и сега се чувствуваме сигурни. Пред нас се два важни натпревари. Ако победиме на двата тогаш ќе се доближиме до Европското првенство за 70 проценти. Македонија има добар тим, можеби најдобриот во последните десет години. Не е лесно да се игра со неа. Немаат освоено толку многу поени, иако играа добро. Треба сериозно да се сфати противникот и тогаш сè ќе биде добро, изјави Јокиќ.