Кошарка
Јокиќ казнет со 25.000 долари поради валканиот јазик
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, е казнет парично со 25.000 долари од страна на НБА лигата поради непримерниот избор на зборови во интервјуто, што го дал на 31. октомври по натпреварот со Чикаго.

Казната се однесува на коментарот што српскиот центар го имал за противничкиот центар Вендал Картер.
- No homo, but he‘s longer than you expect, изјавил Јокиќ, а дилемата е што мислел со „No homo“, но јасно е дека поради тоа е казнет.
Станува збор за израз што е карактеристичен за геј популацијата, а НБА има нулта толеранција. За користење на истиот израз, пред неколку години НБА го казни Рој Хиберт со 75.000 долари.
Инаку тимот на Денвер загуби на последниот првенствен натпревар од тимот на Мемфис со 89:87. На овој меч Јокиќ забележа четири поени и исто толку асистенции, како и седум скока.
Резултати: Кливленд – Оклахома 86:95, Орландо – Детроит 96:103, Атланта – Њујорк 107:112, Мајами – Сан Антонио 95:88, Индијана – Филаделфија 94:100, Мемфис – Денвер 89:87, Њу Орлеанс – Чикаго 107:98, Јута – Далас 117:102, Сакраменто – Торонто 105:114, ЛА Лејкерс – Минесота 114:110