Connect with us

Кошарка

Јокиќ ќе потпише нов договор со Денвер вреден 148 милиони долари

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ ќе потпише нов договор со клубот, објавија американските медиуми.

Како што информира „ESPN“ српскиот кошаркар ќе се обврзи на петгодишна соработка со клубот од Колорадо и за тоа време ќе заработи 148 милиони долари.

23-годишниот Србин минатата сезона одигра 75 натпревари во НБА лигата и оствари просек од 18,5 поени, 10,7 скока и 6,5 асистенции по натпревар.