Кошарка
Јокиќ во невидено издание-Го прекина сообраќајот поради песна, ниту пријателите не можеа да го тргнат од патот (ВИДЕО)

Откако реши да се одмори од напорната сезона и да го прескокне Светското првенство, Никола Јокиќ очигледно го искористи слободното време за да се опушти на свој начин. Сепак, неговиот пристап кон релаксација предизвика различни реакции, дури и кај неговите обожаватели.
View this post on Instagram
Најновата вест доаѓа од улиците на Сомбор, каде овој талентиран кошаркар е виден како се забавува со трубачи – на сред улица. Се чини дека Јокиќ целосно се предал на ритамот на музиката , толку многу што дури и го запрел сообраќајот.
Видеото кое се појави на социјалните мрежи во неделата јасно ја покажува оваа ситуација. Неколку автомобили чекаат да поминат додека тој ужива во моментот. Минувачите не ја пропуштија можноста да ја снимат оваа необична сцена. На местото на настанот биле вперени камерите на мобилните телефони, а тие го снимиле моментот кога пријателите дошле и го извлекле Јокиќ од улицата, помагајќи му додека се чини дека е под дејство на алкохол.