Connect with us

Други спортови

Јотовски победник на МТП опен

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на петтиот турнир МТП опен што се играше изминативе денови на терените на овој клуб.

Tој во финалето го совлада Горазд Србљак (актуелен шампион на Македонија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови). На патот до триумфот Јотовски ги победи Елдин Хусеиновиќ, Стефан Чаловски и Стефан Мицов.

Јотовски до тримуф на турнирот стигна откако во помалку од 50 часа постигна четири победи. Тој на турнирот дојде од настапот на фјучрс турнирите во Италија.

Јотовски е втор победник на овој турнир откако претходните четири години победуваше Димитар Грабул.

За Горазд Србљак, кој денеска играше во финалето останува фактот дека во полуфиналето го победи четирикратниот победник на турнирот Грабул.